Елмас го тресна Галатасарај и стана херој на Фенербахче! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е новиот херој на навивачите на Фенербахче, донесувајќи му бод на својот тим во големото дерби на турската Супсерлига со Галатасарај.

Еден од најбараните млади фудбалери во Европа во моментов на ефектен начин го постави конечниот резултат 1:1 во 71. минута.

Со вториот првенствен гол на Елмас сезонава Фенербахче полесно диши во борбата за опстанок, во која шест кола до крајот е на 14. место со шест бода повеќе од првиот тим на позицијата за испаѓање Ѓезтепе.

SHARE