Емилија Динева е жената која спаси три животи

Емилија Динева е жената чие срце и бубрези се донирани на тројца пациенти, откако го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

На социјалните мрежи, голем број граѓани изразуваат сочувство до семејството, а Динева го доби епитетот „херој“.

No i donorot ima ime i prezime Emilija Dineva e isto taka heroj….Поклон кон починатиот донор до земја.Донирано…

Posted by Andreja Dedovski on Saturday, May 23, 2020

Со нејзиното срце беше извршена првата трансплантација во земјава, а по синоќешната операција тоа продолжи да чука во градите на 54-годишен пациент.

Во моментов во тек е трансплантација и на бубрезите кај два пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години биле на дијализа.

360 степени

SHARE