Емрулаху: Скопска Јаја Паша ќе биде центар на исламот во светот!

Кичевскиот адвокат Фатмир Емрулаху со духовит коментар на одлуката на Владата да дозволи отварање на џамиите во Македонија за време на Рамазан Бајрам иако земјата поради високиот број на заболени од Ковид19 очекуваше целосен полициски час како во Турција и други земји центри во исламскиот свет.

“Џамиите во Мека и Истанбул затворени. Но Јахја Пашината џамика во Скопје ќе биде центар на исламот во светот”, пишува Емрулаху со доза на иронија за одлуката на македонските власти.

SHARE