Европскиот парламент денеска гласаше за прекине процесот на пристапување на Турција во Европската унија со 370 гласови „за“, 109 „против“ и 143 „воздржани“.

„Оваа  одлука покажува дека Европскиот парламент е под влијание на екстремно десничарската идеологија“, рече портпаролот на владејачката турска Партија на правдата и развојот (АК), Омер Челик кој го критикуваше гласањето, јави „Дејли сабах“.

Турски официјални претставници претходно го критикуваа нацрт-извештајот за демонстрација на пристрасен став и за предрасуди на ЕУ кон Турција.

„Повикот во нацрт-извештајот – кој не е правно обврзувачки и има само статус на советодавна одлука – официјално да ги прекине преговорите за пристап на нашата земја со ЕУ е апсолутно неприфатлив“, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.

Во октомври, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ќе ја разгледа можноста да го стави на референдум барањето на Турција да се приклучи кон Европската унија,  и изрази огорченост со процесот

Членството во ЕУ останува главна стратешка цел за Турција, иако разговорите за пристапување, официјално започнати во 2004 година, беа „замрзнати“ со години поради приговорите на Кипар, како и на опротивењето од Германија и Франција.

SHARE

Оставете коментар