Со 470 гласа „за“, 116 против и 46 воздржани, во Европски парламент беше изгласана Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2018 година.

Со ова, Македонија доби препорака од ЕП за почеток на преговорите со ЕУ во јуни 2019 година.

Текстот на Резолуцијата беше надополнет и со барањето да се преиспита азилот на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, за што амандмани поднесоа Групата на европските социјалдемократи и  зелените.