ЕП повикува на отворање преговори со Македонија

Се очекува вечерва европратениците да ги повикаат лидерите на Унијата да се однесуваат соодветно на ветеното и да го зачуваат својот кредибилите со тоа што ќе гласаат за резолуција со која се осудува негативната одлука од Брисел и се бара одлука за почеток на преговорите соМакедонија и Албанија.

Во резолуцијата се потенцира дека одложувањето на преговорите со Скопје и Тирана може да го дестабилизира не само двете земји туку и целиот регион.

Зад иницијативата со која се поздравува и одлучноста на Македонија да продолжи на реформската агенда и со позитивната дипломатија со соседите, особено со Бугарија и Грција, стојат речиси сите парламентарни групации.

SHARE