ЕП во фудбал одложено за в година, Македонија – Косово најрано на 2 јуни

УЕФА реши да го одложи Европското првенство во фудбал што требаше да се одржи годинава за јуни и јули 2021 година поради пандемијата со коронавирус.

Дополнителна причина за одлуката е да се овозможи завршуваање на националните шампионати, кое во моментов се во прекин и неизвесно е кога и дали ќе продолжат.

Баражите од Лигата на нациите, кои се воедно и квалификациски за ЕП, а кои требаше да се одиграат при крајот на месецов, се поместуваат за почетокот на јуни, но и таа одлука ќе биде предмет на дополнително разгледување.

Тоа значи дека натпреварот Македонија – Косово, кој беше закажан за 26 март во Скопје, најрано би се одиграл на 2 јуни, а четири дена подоцна победникот би играл со подобриот од мечот меѓу Грузија и Белорусија на гостински терен за пласман на ЕП.

SHARE