ИТ гигантот „Епл“ стана првата компанија во светот вредна илјада милијарди долари, со што ги победи конкурентите од Силиконската долина, како што се „Амазон“ и „Мајкрософт“.
Вредноста на акциите на „Епл“ се зголемија за 2,8 насто, што беше доволно оваа технолошка компанија да ја достигне оваа фантастична пазарна вредност.
Стотици милиони луѓе го следеа движењето на акциите на компанијата кои достигнаа 207,05 долари по акција, што беше доволно да се стигне до билион долари.
Овој успех изгледаше незамисливо во 1997 година кога „Епл“ беше на раб на банкрот, а акциите вредеа помалку од еден долар.
Со цел да преживее, компанијата го врати својот поранешен шеф и ко-основач Стив Џобс на функцијата привремен извршен директор.
Компанијата соопшти дека, од април до крајот на јуни, заработи повеќе пари благодарение на повисоките цени на iPhone.