ЕПП: ЕУ на Балканот и во Македонија се бори со „Soft Power” против Русија, Кина….

Европската Народна партија каде што членува ВМРО-ДПМНЕ смета дека некој може да биде за или против проширувањето на ЕУ но никој не смее да го игнорира фактот дека регионот на Западен Балкан е под мониторинг на другите големи сили кои имаат апетит за него.

Ова го порачува најголемата партија/група во Европарламентот која наредната недела на 16 октомври во Брисел организира конференција посветена на регионот на која ќе се расправа за односите „ЕУ – Западен Балкан и како да се гради заедничка иднина меѓу регионот и Брисел.

„Во реалноста „Меката моќ на ЕУ (EU soft power) веќе се натпреварува со странски политички влијанија, странски инвестиции дури и со различни културни и социјални модели. Затоа Европската Народна партија ќе продолжи целосно да ги поддржува и придружува шесте зејми, нивните институции и сите граѓани преку нивна демократизација и процес на модернизација кон членство во ЕУ“, се вели во најавата на конференцијата.

Претставник на ВМРО – ДПМНЕ на конференцијата е потпретседателот Александар Николовски. Партијата вчера објави дека поради гласањето за уставните промени на истиот датум претседателот Христијан Мицкоски на 16 октомври нема да може да учествува на конференцијата на најголемата европска партија.

Поканата за македонската опозиција за учество на конференцијата дојде на истиот ден кога државната владина новинска агенција МИА објави дека високи извори во ЕПП најавуваат исклучување на ВМРО – ДПМНЕ од европското семејство поради неконструктивност при спроведување на Преспанскиот договор и уставните измени.

МИА: Ни Меркел ни Курц не можат да влијаат на Христијан Мицкоски за Преспанскиот договор