Ердоган пак го изгуби Истанбул

Партијата на турскиот претседател Реџеп Ердоган повторно ги изгуби изборите за градоначалник на Истанбул, објави АП.

Кандидатот на владејачката партија, Бинали Јилдирим, на локални медиуми им изјави дека го признава поразот на денешното гласање.

Првичните резултати покажуваат дека кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу води со 53,69% наспроти 45,4%  освоени Јалдим, од преброени 95%  гласачки ливчиња.

„Според резултатот, мојот ривал Екрем Имамоглу победува, му честитам и му посакувам среќа”, рече Јилдирим.

На мартовски локални избори владејачката АК партија на претседателот Ердоган победи, но доживеа тежок пораз во големите градови Анкара, Измир и Истанбул.

Ова е пораз за Ердоган. Како поранешен градоначалник на Истанбул – кој е економски и културен центар на Турција во кој живеат 15 милиони луѓе – Ердоган честопати истакнуваше дека тој кој ќе победи во Истанбул ќе владее со Турција”.