Турција никогаш нема да се откаже од договорот за купување на системи за противракетна одбрана  С-400 од Русија, изјави претседателот Тајип Ердоган, додавајќи дека Анкара може подоцна да побара и системите за S-500.

Вашингтон претходно предупреди дека купувањето системи С-400 од Русија би можело да ги загрози договорите во одбранбена индустрија меѓу сојузниците на НАТО.

Во интервју за телевизијата Канал 24, Ердоган исто така рече дека САД не треба да се обидуваат да ја дисциплинираат Турција со нови трговските мерки и додаде дека Турција има подготвено свои мерки.

SHARE