Турскиот претседател со загрижност ги следел сцените од демострациите на „Жолтите елеци„ во Франција и изјави дека остро се спротивставува  на хаосот предизвикан од демонстрантите и на непропорционалната сила употребена против нив од страна полицијата.

Протестите, изјави Тајип Ердоган, покажуваат дека Европа потфрлила на планот на  демократијата, човековите права и слободата.

Околу 700 лица беа уапсени за време на протестите во Франција вчера, а 135 се повредени.

Слични протести имаше и во Белгија и Холандија.

„Ѕидовите на безбедноста и благосостојбата што толку ги негуваа, не ги потресуваат мигрантите или муслиманите, туку нивните граѓани“, рече Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул.

Оние што го поттикнаа антимигрантски чувства и исламофобијата заради политичкиот популизам сега паѓаат во сопствените замки, рече турскиот претседател пренесува агенцијата Анадолија.

SHARE

1 Коментар

  1. Со ист заклучок трева сега да се јават и Кина, Русија па Хелсиншки и сите соросови НВО-ГМО.

Comments are closed.