Ескалација во Телма, Кировски ја сменил Лупевска

Снежана Лупевска-Созен повеќе нема да ја извршува неформалната функција одговорен уредник на информативната програма на телевизијата Телма, открива порталот Фактор.мк.

Според сознанијата на Фактор, на оваа позиција доаѓа Марија Дивитарова – Савановиќ, сегашна уредничка на вести во телевизијата.

Информацијата за Фактор ја потврдил и главниот и одговорен уредник и директор на телевизија Телма, Атанас Кировски.

„Едноставно, станува збор за наши несогласувања околу тоа кој треба да ги пишува најавите за прилозите што се емитуваат на вестите. Јас сметав дека тоа е најдобро да го прават новинарите, бидејќи тие најдобро знаат што е суштината на нивната сторија, а таа сметаше дека тоа треба да го прават уредниците на вести. Околу тоа и изби недоразбирањето, кое потоа ескалираше и затоа беше донесена оваа одлука“, вели Кировски.

Внајвееојатно во врска со одлуката на Кировски, Лупевска на својот фејсбук профил го објави следниов пост.

„Успешен е оној човек кој умее да постави цврст темел од циглите кои другите ги фрлале на него. Дејвид Бринкли“.

Во последниве неколку месеци Лупевска која важи за бескомпромисен новинар особено преку емисијата КОД објави неколку информации кои направија огромна штета на владеачката СДСМ поради што во новинарските кругови владее мислење дека на 3 месеци пред изборите таа треба да биде тргната за да не направи дополнителна штета за социјалдемократите.

Сите детали за смената на Лупевска на следниот линк