Европската унија ќе воведе рестрикции врз увозот на челик до 16 јули 2021 и за тоа ЕК веќе ја известила Светската трговска организација.

Мерката е одговор на воведувањето на повисоки тарифи врз увозот на челик и алуминиум во САД. Првичната мерка беше во траење од 200 дена, а сега се продолжува.

„Македонија веќе предупреди дека нејзината челична индустрија ќе биде многу погодена од ваквите рестрикции, а премиерот Заев телефонски разговараше со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер пред празниците на оваа тема. Европската Комисија за сега не ги коментира барањата на Македонија, но не се очекува да биде изземена од мерките“, пишува НОВА ТВ.

Според Европската Комисија, главните снабдувачи на челик ќе добијат “индивидуални квоти“ врз основа на нивните “историски увози“, но без повеќе детали за кои земји се работи.

SHARE

1 Коментар

  1. И сега се обезличуваме (се самоукинуваме ) за да бидеме дел од тоа нешто. Ма гонете се у к…..

Comments are closed.