Сандер Леши, советник на албанскиот премиер Еди Рама вели дека би било лудо ЕУ да побара изградба на камп за бегалци или за повратници од Исламска држава во Албанија и тоа да биде услов за почнување на преговори за членство во еу.

Тој ја исклучува можноста за такво нешто и вели дека тое е само „политички оддек на наекои странски кругови.

„Вознемирени сме од некои медиуми кои постојано ги повторуваат политичките агенди на одредени земји од ЕУ“ вели Леши и истакнува дека “одлуките за Албанија не ги донесува австрискиот премиер, туку албанските власти“, изјавил Леши како што пренесува МИА.

Според него, албанските власти воопшто не ја споменуваат можноста за изградба на бегалски камп во земјата.

Во Албанија од почетокот на годинава влегле 2.500 илегални мигранти чија цел е да стигнат до Западна Европа.

Што се однесува до „повратниците“ кои војувале за ИСИС на Блискиот Исток, Леши вели дека такви има околу 100 лица и дека по враќањето „платениците“ ќе се соочат со законот.