ЕУ не сака Кина да финансира во Западен Балкан

Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ за Радио Слободна Европа вели дека финансирањето од Европската унија за инфраструктурата на Западен Балкан вклучува бесповратни средства, комбинирано со кредити со атрактивни камати.

„Тоа е спротивно на кинеското финансирање, кое доаѓа речиси исклучиво во форма на заеми со значителни финансиски импликации. Затоа, владите треба да бидат внимателни со овие инвестиции да не ја стават економијата на високо ниво на задолженост, што може да резултира со контрола на трансферот на стратешки средства и ресурси во иднина – предупреди портпаролката на ЕУ.

Маја Коцијанчиќ, потсетува дека ЕУ е најголем партнер на регионот за трговија и инвестиции, при што 70 отсто од трговијата на Западен Балкан е со ЕУ, а 60 отсто од странските директни инвестиции во регионот се од Унијата.

„Наспроти тоа, помалку од шест проценти од трговијата и странските инвестиции во регионот доаѓаат од Кина“, вели Коцијанчиќ.

SHARE