Европската унија го потцени влијанието на Кина на Балканот и изрази загриженост во врска со заемите што им беа доделени на балканските земји од Пекинг.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Кан во интервју за„фанејншнел тајмс“, вели дека некои балкански земји земаат големи кредити од Кина за инфраструктурни проекти, кои, според него,  „го зголемуваат ризикот од долгорочна штета за нивните слаби економии“.

Кина никогаш не земала предвид дали земјата е во можност да ги отплати своите заеми. И ако не може да плати, постои соодветен притисок за пренос на сопственоста на проектите, вели  Хан.

Тој додаде дека Европејците може да не се најбрзи, можеби бараат повеќе од другите, но на крајот се „најдобри лојални партнери“.

Интервјуто на Кан покажува стравувања дека влијанието на Пекинг може да стане дополнителен извор на нестабилност, пренесува БГНЕС.

„Можеби сме ја прецениле Русија, а ја потценивме Кина“ вели Хан.

Според „Фајненшл тајмс“ неодамна Кина инвестираше сериозно на Балканот, што е дел од таканаречениот формат 16 плус 1, кој вклучува 11 земји-членки на ЕУ и пет држави кои не се членки – Северна Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Србија.

Според податоците од Центарот за стратешки меѓународни студии повеќе од половина од 9,4 милијарди долари инвестирале во 16 земји во 2016 и 2017 година, биле наменети за државите кои не се членки на Унијата.

Извор: БГНЕС

SHARE

3 Коментари

  1. da ,Eu birokratite sakaat da ostanime vo 19 ti vek, za da ne koristat kako zamorcinja za nivni experimenti i da ni gi dokradat sirovinite i da ni ja docicaat krvta,zosto nisto drugo neni ostana…

  2. Ova go kazhuvav odma posle stopiranjeto na Avtopatot Kicevo Ohrid koga velea deka e promashen jas tvrdiv deka EU ne saka Kineski investicii vo Makedonija tia baraat duplo pari za toj Avtopat no kaj niv da se plajcaat kreditite .E glupi Makedoncinja do kade ce se zalutate cel svet vi se smee kolku prost narod ste bile

  3. Ако ЕУ сакаше да се прошири, Турција и Албанија немаат проблем со имињата, зошто тие не се примени?
    Најдоа шупливи политичари во Македонија и си играат со нив, утре ќе бараат и други услови да исполниме.

Оставете Коментар