ЕУ нема да се меша во формирањето влада во Црна Гора!?

Европската унија апсолутно нема да се меша во формирањето на новата црногорска влада, изјави шефот на делегацијата на Европскиот парламент за Црна Гора, Владимир Билчик.

Тој повтори дека ЕУ немала никакво влијание врз исходот на изборите во август.

„Го поздравувам фактот дека граѓаните демократски ја објавија својата желба за промени, а промените треба да ги спроведат избрани политичари. Веќе имате нов претседател на Собранието, во тек се преговори за идниот состав на Владата и мислам дека тоа е тест за зрелоста на црногорската демократија”, изјавил Билчик. во интервју за РТЦГ.

SHARE