ЕУ се преправа дека има намера да ги прифати земјите од Западен Балкан, а тие се праправаат дека сакаат да се приклучат, по примерот на периодот на реалниот социјализмот, кога се раскажуваше шега дека комунистичките планери се преправаа дека ги плаќа работниците, а работниците се преправаат дека работат, оценива виенски „Пресе“.

Весникот предупредува дека сепак, ситуацијата во било која земја не е за шега поради сегашната стапка на невработеност, депопулација, цинична употреба на историјата како политички инструмент.

„Пресе“ проценува дека , по изборите за Европскиот парламент, со новото раководство, ЕУ може да ја ‘крене рачната’, бидејќи повеќето граѓаниво ЕУ  не се заинтересирани за прием на многу сиромашни и институционално преоптоварени држави.

Таквата политика, нагласува „Пресе“, би била историска грешка зашто предупредувањата дека Кина, Русија и Турција ќе го поделат регионот меѓу себе, ќе добијат брза потврда.

Весникот вели дека ЕУ не може да се однесува по системот “далеку од очи, далеку од срце“, бидејќи се работи за проблем кој е на самата граница на Унијата.

Поради тоа, ќе се бара предлог за воспоставување на нови односи меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

И тоа со понуда: Вие, во период од десет години изградите Западнобалканска унија по примерот на ЕУ –  укинување на границите, заеднички пазар со четирите основни слободи, заедничка енергетска политика, заедничка политика во телекомуникациите, сообраќајот, заедно со граѓанските права.

„И кога сето тоа ќе го успеете , ќе ве примиме сите заедно, наместо сегашниот фингиран регата систем кој крие опасности, на пример Србија по приемот да го блокира приемот на Албанија или нешто слично… пишува „Пресе“.

SHARE