ЕУ се нуди да ни помогне да изградиме мигрантски кампови!?

Еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, вели декаУнијата е подготвена да ѝ помогне на Македонија за изградба на нови кампови за бегалци.

„Ако Владата има потреба од наша поддршка, финансиска, ќе се обезбеди. Тука сме да им помогнеме со нашите експерти, за да ѝ обезбедиме и на Владата и на властите, соодветна поддршка. Меѓутоа, досега не е доставено такво барање, но доколку се случи ние сме тука да обезбедиме помош“, изјави Аврамопулос.

Министерот Спасовски вели денеска не било говорено за такво нешто, потенцирајќи дека индиции за мигратски кризи немало, но во моментов.

„Ние засега немаме проблем со мигрантските текови, но треба да бидеме подготвени ако случајно имаме некакво придвижување на мигрантските текови. Ние немаме сега индиции во моментов дека има индиции за мигрантски текови како во 2016-та година“, изјави Спасовски.

Извор: Алфа