ЕУ веднаш ќе пушти 4 милиони евра за Македонија

Четири милиони евра од инструментите за ЕУ интеграција ќе бидат пренасочени за итни потреби на Македонија, го информирал еврокомесарот Оливер Вархеји денеска премиерот Оливер Спасовски.

Во итна процедура е ставена постапка за дополнителна финансиска помош, по кризата предизвиката од коронавирусот.

„Вархеји истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средни компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка“ пишува „360 степени“.

Вархеји во писмото навел дека се бара начин како наградата од 50 милиони евра за успешност за државата, да биде пренаменета за ублажување на социјално и економско штети предизвикани од кризата.

Вчера, евроамбасадорот Самуел Жбогар соопшти дека ЕУ со 66 милиони евра ќе ѝ помогне на Македонија во борбата против коронавирусот.

SHARE