ED Arilje iskljucenje.JP Elektroprivreda Srbijefoto:Milorad Drca

Од идниот месец граѓаните, наместо од ЕВН Македонија, ќе добиваат фактури и известувања од новата фирма ЕВН Хоум, која произлезе од ЕВН Македонија, на која корисниците ќе продолжат да и ги плаќаат и новите, но и старите долгови.

Од 1 јули струјата ќе се купува по нова цена. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика не откри дали ќе има поскапување или поевтинување. Но, уверува дека корисниците нема да се соочат со ценовни шокови.

Од почетокот на оваа година секој корисник веќе може да одбере од која компанија ќе купува струја. Според Бислимовски, за домаќинствата сè уште е поисплатливо да останат на регулираниот пазар и да продолжат да се снабдуваат со електрична енергија од ЕВН Хоум.

SHARE