Шилегов ја продаде Градската куќа на ЕВН

За 12,7 милиони евра ЕВН ја купи Градската куќа на кејот на реката Вардар, на вчерашната аукција на која само оваа компанија се пријавила како понудуувач.

„До 31 октомври беше пријавувањето на заинтересирани фирми за учество на електронската аукција. Се пријави само компанијата ЕВН, а електронската аукција се одржа вчера. Почетната цена беше 12,7 милиони евра и тоа е цената по која Град Скопје ја продаде Градската куќа. Во наредните 15 дена ќе биде склучен договорот“, вели градоначалникот Шилегов, пренесе СакамДаКажам.

На 26 септември, актуелниот градоначалник најави дека ќе се продава на Градската куќа која почна да ја гради неговиот претходник Коце Трајановски.

Како што се дознава, изградбата на објектот на левата страна на Вардар и под Кале чинела 20,5 милиони евра.

Објаснувањето на Шилегов беше дека во неа немало место за сите вработени туку само за 350, ни и дека градската администрација требало да биде во центарот на Градот.

SHARE