ЕВН нема да наплати повеќе од потрошеното

Нема потреба од нервоза и вознемиреност околу сметките за потрошена електрична енергија, реагираат од ЕВН.  Ова не e генерална состојба туку поединечни случаи кои добиле или повисоки сметки од вообичаените или пониски.

Уште на почетокот на вонредните мерки за справување со корона вирусот, ЕВН најави дека нема да има исклучување од дистрибутивнта мрежа на должниците од категоријата домаќинстава и ЕВН нема да реализира отчитувања на броилата во месеците март и април поради што корисниците ќе добијат за овие месци сметки со претпоставена потрошувачка. Откако ќе се изврши отчитувањето сметките ќе бидат порамнети или корисникот може да побара корекција на сметката ако забележи разлика во состојбите.

Корисниците можат да ги споредат состојбите на потрошена електрична енергија на самата сметка со состојбите на броилото и веднаш ке се разјасни се. Ако потрошувачката е приближно иста тогаш тоа е реалната потрошувачка наведена во сметките. Ако има отстапувања( повеќе или помалку киловат часа ) тогаш може да ја пријави состојбата регистрирана на броилото до ЕВН во текот на отчитувачката недела и ќе му биде изготвена коригирана сметка.

Во месеците март и април годинава отчитувањата не се реализираа поради препораките на здравствените власти и Регулаторната комисја за енергетика за да се спречи ширењето на корона вирусот. Многу од броилата некаде околу 200 000 се наоѓаат во домовите на корисниците и во време на пандемија отчитувањето не е препорачливо.  Затоа за сите корисници беа изготвени проценети фактури.

Фактор

SHARE