ЕВН со поддршка за кампањата за заштита од пожари

Дирекцијата за заштита и спасување доби поддршка од ЕВН за реализација на кампањата за заштита од пожари: „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени”

Целта е заедничка, заштита на населението, шумите и природните ресурси во летниот период кога опасностите од појава на пожарии се најголеми.

Кампањата се одвива од 15 јули до 15 август 2019 година на целата територија на Република Северна Македонија преку едуцирање на населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори на заштита во случај на шумски пожари.

Во рамките на кампањата се дели прирачникот за намалување на заканите од пожари, а се поставија и едукативните постери на централни локации во Градот Скопје и на фрекфентни места, на наплатните станици, на влез на Националните паркови и на граничните премини, на излетничките места и места близу шумите.

Во акцијата се вклучени сите 35 подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување во сите градови во Републиката.

Целта на оваа кампањата не е само да се делува превентивно, туку и едукативно, преку подигнување на свеста на населението за сите можни ризици што пожарите ги носат како катастрофа, најмногу во таканаречениот „критичен период во годината за појава на пожари на отворен простор’’.

Намалувањето на заканите од пожари, е само најава за низата кампањи што ќе се водат под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени“, а ќе вклучуваат кампања за намалување на последиците од поплави, земјотреси и други катастрофи предизвикани од природата и човекот.

Едeн од поважните проекти на кој работи тимот на експерти при Дирекцијата за заштита и спасување е изготвување на семејниот прирачник кој ќе биде промовиран на есен, посочуваат од ДЗС.

Нашата компанија заеднички ќе работи и ќе ги поддржи активностите на ДЗС бидејќи заедно споделуваме врвна и хумана заедничка цел а тоа е заштитата на населението.

ЕВН безброј пати досега во време на кризни ситуации како природни непогоди предизвикани од поплави, пожари и земјотреси ја покажала својата пожртвуваност и спремност.

Преку оваа соработка ќе биде зајакната координираноста и заедничкото делување помеѓу различни институции кога станува збор за цивилната заштита и предизвиците којашто ги носи истите.

SHARE