Израмнувачкиот погодок на Валмир Нафиу за 1:1 во 55. минута делуваше отрезнувачки врз Тотенхем, кој со два гола до крајот ја совлада Шкендија со 3:1 и се пласира во плејофот од Лига Европа.

Сензацијата во најава ја спречија Сон Хеунг-Мин во 70. минута и Хари Кејн девет минути подоцна, а резултатот го отвори Ерик Ламела по пет минути игра на Националната арена во Скопје.

По прескокнатите квалификациски пречки Сумкаит од Азербејџан и Ботошани од Романија, против англискиот премиерлигаш заврши европскиот настап на тетовци сезонава, воедно и за македонскиот квартет што го сочинуваа и Силекс, Ренова и Шкупи.

SHARE