Еврокомесарот за проширување ретвитна македонски политичар

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархели “ретвитна” пост на Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој изрази надеж дека ќе работат заедно на почеток на преговори и нивно брзо затварање пред влезот на Македонија во ЕУ.

Во својот коментар Вархели вели дека се надева дека македонската опозиција ќе го исполни тоа што го порачува Николовски.

“Ласкави пораки, се надевам дека ќе ги исполнат. Среќен сум што работиме заедно, важно е да работиме заедно”, пишува еврокомесарот во постот со кој ја споделува пораката на Николовски.

Во пораката Николовски вели дека Вархели е исклучително посветен Еврокомесар.

“Тој влезе во задачата многу амбициозно од самиот почеток, со негова помош се надеваме дека ќе ги отвориме и брзо ќе ги комплетираме преговорите за влез во ЕУ”, пишува Николовски во својата изјава.

SHARE