Дури 427 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент кој има 751 пратеник.

Освен во Ирска, Британија, Холандија, Летонија, Словачка и Малта, другите членки на Европската унија излегуваат на гласање на 26 мај.

Секоја земја избира различен број пратеници, приближно пропорционално со бројот на нејзиното население.

Германија избира најмногу 96 пратници, Франција 74, Ирска 11, а Летонија 8 пратеници.

На претходните избори во 2014 година одѕивот беше 40 насто, односно гласаа над 168 милиони луѓе.

Овие избори се поголеми од претседателските во САД, но не и колку изборите во Индија која се смета за најголема демократија на светот.

Во некои европски држави, гласањето е задолжително, така што нема бегање од изборите во Белгија, Бугарија, Кипар, Грција и Луксембург.

Пребројувањето на гласовите исто така се врши во секоја земја посебно, но резултатите се чуваат во тајност сè додека не заврши гласањето во сите земји.

Значи, резултатите се очекуваат в недела во 23 часот.

Извор: Радио Слободна Европа