Светската здравствена организација (СЗО) објави дека Европа минатата недела има рекордни 1,5 милиони потврдени случаи на коронавирус и достигна бројка од десет милиони заразени, од вкупно 44 милиони случаи на КОВИД-19 ширум светот.

„Бројот на хоспитализирани се искачи на нивоа што не сме ги виделе од пролетта, а бројот на смртни случаи е нагло зголемен за повеќе од 30 проценти.

Европа повторно е во епицентарот на оваа пандемија”, рече во своето обраќање д-р Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.