Европски парламент: Грешка е недавањето датум на Македонија и Албанија


Европскиот парламент ја усвои резолуција со која ги повикува членките на ЕУ да започнат преговори со Македонија и до Албанија. Резолуцијата беше изгласана со 412 гласови „за“, 136 против и 30 воздржани.

Европратениците нагласуваат дека одуката на лидерите на ЕУ да не им се даде зелено светло на Скопје и Албанија за датум за преговори е стратешка грешка. Последиците од таквата одлука ќе бидат штетни за кредибилитетот на ЕУ, со тоа е испраќа негативен сигнал до земјите кандидати и се отвора врата за други влијанија во регионот, стои во резолуцијата.

Во резолуцијата се наведува вели дека политиката за проширување е најефективниот инструмент за надворешна политика на Унијата, а понатамошното распаѓање на таа политика може да доведе до сè понестабилна состојба во непосредното соседство на ЕУ.

SHARE