Со пеколен почеток и завршница, ракометарите на Вардар го фрлија на колена европскиот првак Монпелје и во Скопје, славејќи со 33:27, но останаа трети во групата А од Лигата на шампионите.

Второто место го задржа Веспрем со подобриот финиш и победата од 36:35 во Кјељце, па македонскиот шампион во осминафиналето ќе игра со шестопласираниот од групата Б, Мотор Запорожје или со ППД Загреб.

По фуриозниот старт, во кој поведоа со 7:1 и со 9:2, играчите на Роберто Парондо во почетокот на второто полувреме им дозволија на гостите од Франција да се доближат на 18:17, но вардарци ја отстранија заканата во остатокот од мечот.

Даинис Криштопанс со седум гола од осум обиди беше прво име во победничката екипа, пред Игор Карачиќ со 6/11, Иван Чупиќ со 5/5, Тимур Дибиров и Стојанче Стоилов со по 4/4 итн.

SHARE