Expres.mk надмина еден милион читатели месечно (ФОТО)

Онлајн информативната платформа expres.mk денеска ја проби бариерата од еден милион читатели месечно.

Околу 1 милион и 15 илјади читатели во текот на последните 30 дена пристапиле и читале содржини на порталот expres.mk што за тимот кој работи на платформата е огромна и главна сатисфакција.

Најголем број од нив кон содржините пристапиле од Македонија но значителен број на читателите или над 100 илјади доаѓаат и од странство: Германија, САД, Австралија, Канада, Швајцарија, Италија, Грција и други земји.

Во Македонија најголем број читатели се од Скопје, Битола, Струмица, Охрид, Штип, Велес и сите други македонски градови и села.

Во продолжение целата порака од тимот expres.mk до сите свои читатели и јавноста:

Почитувани читатели,

Со гордост Ве информираме дека денеска ја пробивме границата од еден милион читатели во текот на еден месец.

Од срце Ви благодариме за поддршката што ни ја давате со вашето читање, допаѓање, коментирање и споделување на содржините на expres.mk.

Горди сме на сите вас но и на сите оние знајни и најзнајни луѓе кои со своите информации, сугестии, анализи, текстови или колумни го поддржуваат проектот кој е формиран со цел да ве информира.

За грешките што се дел од нашата работа ви се извинуваме уште еднаш и ве повикуваме секогаш кога имате што да ни кажете нам и на јавноста да ни напишете.

Сите добронамерни забелешки ги прифаќаме, сите злонамерни тенденциозни обвинувања и етикетирања ги отфрламе.

Не е претераување да се каже дека платформата expres.mk е создадена од вас и постои за вас.

Така ќе остане и во иднина и покрај огромниот број на проблеми со кои што се соочуваме.

Со почит,
Тим expres.mk

SHARE