Општината Сарај им соопшти на сопствениците на камп-приколки крај Езерото Треска во рок од две месеца да ги отстранат.

Првиот човек на Сарај, Блерим Беџети за Алсат изјави дека е категоричен во одлуката за отстранување на кампинг приколките.

Сопствениците на приколките велат дека немаат каде да ги носат па ако општината решила очекуваат да ги тргне на сила.

Според здружението на кампери, во моментов има над 500 приколки во близина на езерото Треска, од кои над 350 се активни.

SHARE