Фудбалерот на Монако, Сеск Фабрегас, ѝ се пожали на јавноста преку социјалните мрежи дека сопругата го саботира околу разбивањето на здодевноста по прекинот на сезоната поради коронавирусот.

„Со оглед на тоа дека извесно време ќе мораме да останеме дома, а сопругата не сака да правиме деца (засега), можете ли да ми препорачате некоја серија што има барем четири сезони?“, се пошегува тој на Твитер.

Шпанскиот играч за врска и 12 години постарата Даниела Симан имаат три деца – ќерките Лиа и Капри и синот Леонардо.

SHARE