Реалните шанси земјите од Западниот Балкан да добијат полноправно членство во ЕУ се сведени на минимум, тврди германскиот весник ФАЦ.

Никој веќе реално не верува дека проширувањето на ЕУ ќе продолжи со шесте држави од Западниот Балкан, или дури и со само некоја од нив, во следната декада, пишува денеска Франкфуртер алгемајне цајтунг во анализа во која на површина излегува старата алтернатива- членство во Европската економска зона, пренесува Дојче веле.
„Веќе со актуелните 27 земји-членки, во однос на надворешно-политичките, буџетските и другите прашања кои бараат едногласност, ЕУ е честопати во потешкотии, а понекогаш и воопшто не е способна да делува.

Во една Унија со 33 членки тоа ќе биде уште потешко. Можете да си замислите што ќе значи кога Србија како членка ќе има право на вето по прашањето за односите на ЕУ со Русија“, пишува ФАЦ.

Германскиот весник пишува дека сега кога е јасно дека од полноправното членство нема ништо… „алтернатива би било полноправно членство на балканските држави во Единствениот европски пазар, односно целосно економско учество без право на политички збор“.

ПОВЕЌЕ

SHARE