Фактор: Функционери на СДСМ споделуваат ланско ветување на Заев?

Функционери на СДСМ на социјалните мрежи споделуваат стара вест со вчерашен датум од Зоран Заев кој како тогашен премиер на 1 февруари 2019 најавува бришење на долговите за струја настанати до 2006 година за 200.000 граѓани и семејства кои се заглавени во лавиринт со проблеми од извршители и блокирани сметки, пишува „Фактор“.

Ова претседателот на СДСМ го ветуваше точно пред една година на трибина во Охрид, најавувајќи дека дека има прогрес во преговорите со ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгови за струја, иако засега тоа не е остварено.

SHARE