Фала Димитров: Македонката што ги победи Грците во САД остана без националност

Ана Дукоска, Македонката што го победи моќното грчко лоби во Конгресот на САД остана без правото да биде Македонка по националност.

Користејќи го хаштагот #ПрашувамЗаСебе Дукоска прашува што се случува со тие Македонци што не живеат во Македонија.

Дукоска е глобален координатор на движењето “Ние сме Македонија” и живее во САД.

“САД дефинира националност (nationality) како припадност на уставотворен народ, државјанство (citizenship) како право на пасош и етничка припадност (ethnicity) по културни и национални обележја на една нација кое го изедначува со терминот националност (nationality).

Значи, во САД, националност = етничка припадност, а државјанството го означува само правото на патна исправа/пасош.

Според Никола Димитров (Nikola Dimitrov) јас, родена во Република Македонија, со Македонско државјанство, составен дел од уставотворниот народ, БЕВ дел од Македонската етничка група која тој со овој договор ја избриша.

Сега не живеам во Македонија, значи не можам да се декларирам како припадник на ниедна етничка група бидејќи мојата не постои.

Кога обновувам документи за идентификација, прашана која е мојата националност (која САД ја поистоветува со името на државата во која сум родена) јас сега НЕ ЗНАМ што треба да одговорам”, смета Дукоска.

Македонката што успеа да запре две антимакедонски резолуции во Сенатот на САД прашува:
Ако националноста за Македонците во Македонија (исклучиво само во документите за идентификација) би била Македонско/Граѓани на Северна Македонија, која е мојата националност?

1. Не сум граѓанин на Северна;
2. Немам етничка припадност;
3. Немам националност.

Дукоска со јасна порака до Димитров и македонската влада:

Никогаш нема да ви ја признаам вашата вештачка ГМО креација на територија на мојата татковина.

#ЈасСумМакедонка ??
#МожебиСмеМалечкиНоСмеМногуМоќни
#МоќтаЕвоНародот
#РазбудетеСе
#МакедонијаВечна ❤