„Фалангата“ задоволна од +5 со Бахреин во загревањето за Хрватска

Македонската машка ракометна репрезентација дојде до два нови релативно лесни бода на Светското првенство во Германија и Данска откако денеска го совлада азискиот вицешампион Бахреин со 28:23.

Бахреин парираше до пред крајот на првото полувреме по што мечот мина без неизвесност.

Средбата освен натпреварувачки карактер имаше и емотивен набој.

Точно 20 години по својот татко Боро, легендата на македонскиот ракомет, кој почина во 2014 година, во игра за прв пат на светски првенства влезе неговиот син Филип Чурлевски.

За Македонија вистинската борба за пласман во втората фаза од светското првенство почнува утре.

За утре во 18 часот е закажан мечот со големиот фаворит Хрватска, предводена од нашиот претходен селектор Лино Червар.

На Македонија и треба најмалку една победа од трите средби со Хрватска, Шпанија и Исланд за продолжување на надежите дека можеме да одиме на олимписки игри.

Македонската репрезентација на светското првенство повторно ја следат стотици навивачи од цела Европа. Засега тие се задоволни но се надеваат на минимум уште една победа во оваа фаза од светското.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар