Фалкони: Метју Палмер е експерт за Балканот, но не и за ЕУ


Францускиот амбасадор во Белград, Жан Луј Фалкони, во интервјуто на ТВ Н1, вели дека оценката на Метју Палмер, дека Франција направила „историска грешка“во врска со противењето на отворање преговори со Македонија и Албанија, е погрешна и дека историјата треба да се гледа на подолг рок, особно што Франција има долга историја.

„Мислам дека тој збор „историска грешка е погрешна“. Тоа не одговара на ситуацијата. Тоа е една епизода во преговорите на проширувањето, кои треба да доведат до влез во ЕУ. Палмер е извонреден експерт за Балканот, но очигледно дека не е експерт за ЕУ или за начинот на кој таа функцинира“, изјави францускиот амбасадор во Белград.

„Второ – вели Фалкони –  Макрон кажа дека додека тие земји спроведуваат реформи, ние мораме да спроведеме реформи во ЕУ и тоа мора да оди истовремено и тоа е поврзано. Макрон од изборите е посветен на реформите на ЕУ кои траат“ објаснува Фалкони според кој доколку нема реформи земјите ќе влезат во „празна ЕУ“.

SHARE