Фараж: Со ЕУ управуваат бандити

Британскиот европратеник, Најџел Фараж, го нападна претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во врска со неговата изјава дека нема да има понатамошно одложување на Брегзит откако ќе се постигне договор меѓу Велика Британија и ЕУ.

Што значи британскиот парламент ќе мора да го прифати или Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор.

„Неизбран, пред пензија бирократ објави: Нема одложување, прифатете го овој нов договор или само заминете. Тој го отфрла Баконот за Бен. ЕУ покажува дека е водена од бандити – власт без одговорност. Ужасни луѓе“, напиша Фараж на Твитер.

Според Законот на Бен, доколку британскиот парламент не успее да постигне договор за Брегсит до 19 октомври, премиерот мора да ѝ пише на ЕУ да го одложи напуштањето на Унијата до 31 јануари 2020 година.

Претходно, Фараж објави дека не го поддржува новиот договор.

SHARE