На полноќ на средноевропско време, Велика Британија ја напушти Европската унија да стане првата земја која ја напушта Унијата по цели 47 години.
Премиерот Борис Џонсон, им се обрати на граѓаните:
„Ја напуштивме ЕУ вечерва – извонреден пресврт во животот на нашата земја“, изјави Џонсон
Велика Британија сега влегува во преоден период што ќе трае во наредните 11 месеци.
Борис Џонсон, за разлика од неговите претходници, ќе остане запаметен како премиер кој успеа да ја изнесе Велика Британија од ЕУкоја од синоќа има 27 членки.