Фатиме Фетаи ќе тера правда и по „згаснатото„СЈО

Една од обвинителките која беше дел од тимот на СЈО, кој денеска „згасна“, вели дека со стапување на сила на новиот закон ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува.

„Тоа единствено претставува една нова законодавна рамка која ни дава можност на сите обвинители заеднички на нов начин да се справиме и да се бориме против криминалот.

Како и на кој начин ние тоа ќе го искористиме зависи од сите обвинителите, изјави Фетаи по денешното рочиште за “Монструм”.

SHARE