ФБ-статус: Овие двајца веќе ја шитнаа Македонија

„Не може докажани кримоси да ти бидат тајни или јавни преговарачи со Бугарија.

Прво Љубчо, сега гледаме и Бучко специјален владин претставник за Бугарија.

Да расчистиме една работа. И двајцата извршија невиден криминал и ја оштетија државата за стотици милиони. Едниот со Окта и други политички срања, другиот со “тенковски делови” два пати осуден на затвор, на кој и Грујо, и денес Заев му го чуваат случајот во фиока.

Ова кажува повеќе за Заев отколку за кој било друг. Кој се дружи со кримоси, и институционално ги инволвира само зошто понизни и лигави, и самиот е криминалец. Да не збориме дека и двајцата одржуваат низ годините еден или друг вид на односи со Бугарија и се повеќе од проблематични ликови во интерес на македонските позиции..

Овие двајца, веќе ја шитнаа Македонија со криминал и лоши политики, сега ќе не помируваат со тие кон кои гајат симпатии и имаат приватни интереси. Гадно, погрешно, криминално“.

SHARE