ФБИ истражувал дали Трамп работел за Русија!?

Амриканското истражно биро во 2017 отворило истрага да се утврди дали претседателот на САД, Доналд Трампр работел за Русија, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори.

Во ФБИ се загрижиле за однесувањето во мај 2017 година кога Трамп го разреши директорот на ФБИ Џејмс Коми, пишува весникот.

Истрагата, наводно, била насочена да се утврди дали претседателот на САД е закана за национална безбедност.

Трамп во негов стил и преку „Твитер“ реагираше на пишувањето на „Њујорк Тајмс“

„ Само што дознав од пропаднатиот Њујорк тајмс дека корумпираните поранешните лидери на ФБИ, речиси сите отпуштени или принудени да ја напуштат агенцијата поради некои многу лоши причини, отвориле истрага за мене без причина и без доказ“, напиша Трамп на Твитер.

„Ова е апсурдно“, изјави секретарот за печат на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс.

Инаку, уште во 2016 година, американските разузнавачки агенции заклучиле дека Русија спровела сајбер-напади и лиферувала лажни вести на социјалните медиуми во обид за зајакне позицијата на Доналд Трамп и да ѝ наштети на Хилари Клинтон која загуби во трката за претседател.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар