Федерер во Дубаи до јубилејната 100. АТП-титула

Дваесет и две години по своето деби во професионалниот тенис како 16-годишно момче на домашен терен во Гштад, Швајцарецот Роџер Федерер му се придружи на Џими Конорс во ексклузивниот „клуб 100“.

Со триумфот од 6-4, 6-4 против Гркот Стефанос Циципас во финалето на АТП-турнирот од серијата 500 во Дубаи, тенискиот маестро стигна до рекордниот осми трофеј во Емиратите, вкупно 100. во кариерата.

Првата АТП-титула ја освои на 19 години во Милано 2001, а сега 20-кратниот гренд-слем шампион го делат девет од рекордерот Конорс.

Кога в година ќе го брани трофејот во Дубаи, Федерер ќе има 38 години.

SHARE

Оставете Коментар