Фејсбук против дезинформациите за вакцините

Фејсбук ја зајакнува борбата против дезинформациите за вакцините, објави Асошиетед прес. Социјалната мрежа соопшти дека ќе ги сокрива групите и страниците кои шират лажни информации за вакцините од функцијата за пребарување.

Фејсбук во четвртокот соопшти дека ќе го следи примерот на глобалните здравствени власти, како што се Светската здравствена организација и американските центри за контрола на болести и превенција, кои ги идентификуваа лажните вести за вакцините.

Според американските федерални здравствени служби, неодамнешниот скок на бројот на случаи на мали сипаници во САД делумно се должи на лажни информации кои ги повикуваат родителитеда ја избегнуваат вакцинаацијатана нивните деца.

Лажната теорија дека вакцините предизвикуваат аутизам, поттикната од веќе контроверзната студија од 1998 година, не е поттикната од социјалните мрежи, туку се шири преку нив, забележува агенцијата.