Фејсбук-статус на денот: Што не може ни Чак Норис, може Димитров!

Фејсбукџија, кој на својот профил го пренесува и професорката Билјана Ванковска, го сецира интервјуто на Никола Димитров за Независна балканска новинска агенција (ИБНА), издвојувајќи пет „бисери“ на македонскиот министер за надворешни работи.

„Едно интервју, а многу ‘бисери’!

БИСЕР 1 – Во интервју за Независна балканска новинска агенција, министерот вели дека ‘историјата не може да се промени’! Истовремено, со ставањето потпис во Преспа ја менува (читај=брише) историјата на еден народ! Што не може ни Чак Норис, може Димитров!

БИСЕР 2 – Во истото интервју министерот вели дека со решавањето на спорот се создаваат услови за подобар живот, небаре сме Марс, па до сега немало услови… Услови има, нема државници кои би создале подобар живот!

БИСЕР 3 – Димитров продолжува во истиот стил: требало да се отстрани оваа ‘непродуктивна’ дебата; за него е непродуктивно да се залагаш за зачувување на сопственото име! Ашколсун!

БИСЕР 4 – Понатаму, министерот се прашува како ова не било сторено во деведесеттите… убаво прашање кое би можел да им го упати на Глигоров или на Црвенковски за да разбере зошто не биле ‘паметни’ како овие тутурутки денес!

БИСЕР 5 – За крај, Димитров ни објаснува дека тоа што го потпишал било компромис. Му препорачувам да прочита барем една студија за тој поим, затоа што компромис не е да си клекнеш на колена сам за да не му личи на светот на силување!“.

Патем, ИБНА (во интервјуто) направено од Спирос Сидерис користи „фиромизаторски“ формулации за шефот на македонската дипломатија и за земјата што ја претставува, како fYROMacedonia’s Foreign Minister, fYROMacedonia…