Вулканот Анак Кракатау, чија ерупција го предизвика цунамито во Индонезија минатата недела во кое загинаа повеќе од 400 луѓе, изгуби повеќе од две третини од својата висина.

Вулканот со височина од 338 метри во моментов е висок само 110 метри.

Се проценува дека вулканот во ерупцијата исфрил 150 на 180 милиони кубни метри карпа и пепел.

Дел од кратерот се распадна во океанот по експлозијата, предизвикувајќи го цунамито.

Анак Кракату или “Детето на Кракатау“  настанал како резултат на големата вулканска ерупција од 1883 година на тогашниот вулкан Кракатау.

SHARE