Феноменот #бојкотирам како Ал Каеда, посебните ќелии растат пребрзо

Движењето #бојкотирам (референдум за името
ЕУ, НАТО) расте со неверојатна брзина досега невидена на социјалните мрежи во Македонија.

Ботовите кои по лично убедување или ангажирани од македонските власти се обидуваат да му парираат со контра пораки за референдумот, веќе се откажуваат од битката на Твитер.

Причината е преголемиот број на луѓе која се приклучува на движењето и двојно повеќе користење на хаштазите #бојкотира, #бојкотирам и #бојкотирај на секои неколку денови.

Лицата одговорни за комуникации во македонаката влада помогнати од експерти за социјални мрежи ги знаат неколкуте профили кои што го започнаа движењето но сега тоа не е важно затоа што пораките на #бојкотирам сега ги креираат и спиделуваат и луѓе кои што меѓу себе не се познаваат а ги поврзува само хаштагот кој побикува на бојкот на референдумот.

Едно од видеата со пародија било прегледано 60 илјади пати за неколку часа што на #бојкотирам му дава влијание поголемо од сите предходни слични движења на социјалните мрежи во земјава.

Неповрзаноста со политички партии и извори на финансирање овој феномен го прави практично недофатлив за домашните и странските експерти ангажирани за негово запирање или блокирање.

Како изгледа интеракцијата меѓу членовите на #бојкотирам најдобро може да се види од приложените фотографии кои означуваат колку луѓе во краток период имаат интеракција на темата.

Познавачите оваа структура на фотографијата ги потсетува на шемата на која работела терористичката Ал Каеда. Освен мирољубивиот пристап и припадници на различни политички и социјални групи разликата е и во тоа што #бојкотирам нема центар како штабот на Осама Бин Ладен или лидер кој го координира.

Македонските власти полека сфаќаат дека најголем проблем за успешен референдум ќе бидат токму овие луѓе кои најчесто не се познаваат а ги поврзува само желбата да го урнат референдумот.

SHARE

Comments are closed.