Фетаи бара ЕУ да асистира во избор на обвинители

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи на денешната расправа за предлог-законот за ЈО, побара при изворот на обвинители за гонење организиран криминал и корупција да се вклучи и канцеларијата на ЕУ во земјата.

Фетаи вели дека на овој начин би се отстраниле сите сомнежи за кандидатите кои се подложни на политички и други влијанија.

„Ние сме мала земја и може да има влијанија. Како би го тргнале теретот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во Република с. Македонија преку мониторинг почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати“, изјави Фетаи во Собрание.

SHARE